Моите почетоци

Skopje mostot na umetnosta

Тивко февруарско утро. Сонцето почнува да се ги покажува своите зраци од зад пурпурните облачиња на исток. Стојам на кејот на Вардар… рошкам во внатрешниот џеб на палтото и го вадам мобилниот. Погледнувам на саатот: 8:52! Добро е, имам уште неколку минути. 

По неколку-годишна апстиниенција пак сум во Скопје. Приметувам дека градот бајаги се изменил за време на моето отсуство. Зачекорувам со доза на несигурност по едно од новоизградените мостиња кај задната страна од ГТЦ. Се џарам по бронзените статуетки подредени една до друга од двете страни на мостот. Не успевајќи да стигнам ни до пола мост, телефонот почнува да ми ѕвони.

„Ало, Сашо? Игор овде. Ќе бидам во Стоби за 5 минути“

Причината зошто тоа утро пристигнав во Скопје беше „промена на кариерата“ беа тоа последните денови во кои јас официјално работев како сметководител.